Братот на Дибала додава „масло на огнот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Паоло Дибала беше стартер на вчерашниот натпревар во Купот против Џенова. Тој постигна и прекрасен гол, но факт е дека е незадоволен од својата минутажа во последните неколку натпревари, а го изгуби и местото во тимот.

Во Јувентус беа бесни, затоа што братот на Дибала и негов менаџер, шета низ Европа и најверојатно преговара со други тимови. Наводно тој го понудил Дибала на Барселона и Парис Сен Жермен, а во торино веднаш ги стопирале преговорите околу продолжување на соработката со Дибала.

Јувентус го предупредил братот на Дибала да не преговара со други тимови, а доколку продолжи, треба да очекува заминување на аргентнскиот напаѓач од редовите на Јувентус.

Останува да видиме дали Дибала ќе биде дел од првиот тим на натпреварот против Дома во сабота од 20:45.

Последните новости се дека братот на Дибала се огласил дека не се наоѓа во Торино.

„Не, не сум јас во Торино и немам што да додадам“, рекол за Кориере ди Торино.