Ливерпул покрај Кутињо продава уште еден офанзивен фудбалер


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Српскиот интернационалец Лазар Марковиќ е на излезните врати од „Енфилд“ откако стана јасно дека Јирген Клоп воопшто не смета на него.

Ливерпул сака да го продаде Марковиќ кого го купи за 20 милиони евра, но нема клуб кој би понудил приближна сума на таа за офанзивниот фудбалер.

Сепак, на адреса на Ливерпул се стигнати неколку понуди за Марковиќ, а најдобрата од сите доаѓа од неименуван кинески клуб. Имено, Кинезите биле подготвени да платат 10 милиони фунти за Марковиќ, понуда која би требало да биде прифатена.

Покрај кинеските екипи интерес за Марковиќ има и од членот на Чемпионшип, Хал, но „Тигрите“ не се подготвени да платат десет милиони фунти за неговите услуги.