ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Како што пишуваат турските медиуми, Оливие Жиру би можел да си замине од редовите на Арсенал оваа зима и да се пресели во Турција.
„Фанатик“ пренесува дека за услугите на францускиот репрезентативец кој во летото беше поврзуван со Евертон и Вест Хем има интерес од Фенербахче.
Наводно, тренерот на клубот Ајкут Кочман не е задоволен од Солдадо, Јансен и Ван Перси и е подготвен да продаде некој од овие фудбалери со цел да отвори место за Оливие Жиру кој иако прикажува добри игри во Арсенал постојано е во сенка на Александре Лаказет.