Арсенал го потврди првиот зимски трансфер


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше во последните неколку денови денес се официјализира. Арсенал го потврди трансферот на 20 годишниот играч од одбраната Константинос Мавропанос од Пас Гианиа.

„Топчиите“ платија околу 1.8 милиони фунти за услугите на младиот Грк кој сепак следните шест месеци ќе ги помине на позајмица.

„Тој се уште не е подготвен да игра за нас. Ќе го испратиме на позајмица“ – коментираше Арсен Венгер.

Мавропанос следните шест месеци ќе ги помине во германската Бундеслига во дресот на Вердер Бремен.