Вториот Погба стигнува во Манчестер: На „Олд Трафорд“ се враќа уште еден поранешен фудбалер на клубот


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Како што пренесуваат дел од англиските медиуми Манчестер Јунајтед планира оваа зима во своите редови да го врати Џони Еванс. Ваквиот потег Мурињо ќе го повлече поради фактот што ќе го нема Ерик Бејли во следните три месеци, а Еванс го гледа како идеален партнер за Џонс во последната линија од одбраната.

За услугите на репрезентативецот на Северна Ирска има сериозен интерес и од градскиот ривал на Манчестер Јунајтед, Сити кој и минатото лето беше заинтересиран за Еванс но тогаш ВБА ја одби понудата од 20 милиони фунти.

Покрај Сити и од Арсенал посакуваат да го видат 29 годишниот фудбалер во своите редови.

Џони Еванс си замина од Манчестер Јунајтед во август 2015 година кога тренер на „црвените ѓаволи“ беше Луи Ван Гал. Жозе Мурињо јавно го критикуваше Холанѓанецот дека ги продал Еванс и Чичарито, играчи кои можеле се уште да придонесат во клубот.

Џони Еванс е продукт на академијата на Манчестер Јунајтед и сигурно дека трансфер во нивниот градски ривал или во Арсенал тешко ќе им падне и на симпатизерите, но и на раководните лица на „бебињата“.