Делуфеу продолжува во Италија, но не во клубовите од Милано


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Спортскиот директор на Наполи, Кристјано Гиунтоли и агентот на Џерард Делуфеу во текот на вчерашниот ден имале средба во Милано.

Медиумите пренесуваат дека средбата била доста позитивна и дека двете страни се блиску до договор. Следниот чекор ќе биде да направат договор со Барселона кои за услугите на младиот фудбалер бара околу 15 милиони евра.

Сепак, прва опција за „наполитанците“ е Симоне Верди од Болоња. Се уште не е познато дали играчот кој има одлична полусезона зад себе ќе го напушти актуелниот клуб во јануарскиот преоден рок и ќе се пресели во редовите на Наполи.