До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ако може да се верува на пишувањата на „РМЦ Спорт“, Еден Азар својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид.
Белгискиот репрезентативец наводно веќе се договорил со „кралскиот клуб“ и по завршувањето на Светското првенство во Русија ќе му се стави на располагање на тренерот на Реал Мадрид.
Доаѓањето на Азар на „Бернабе“ би требало да означи почеток на една нова ера и веројатно тоа би го најавило заминување на некоја од големите ѕвезди, Герет Бејл или Кристијано Роналдо.















