Интер конечно договори трансфер на Бразилец!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилецот Рамирес одлучи да се врати во Европа откако претходните две години играше во Кина.

Рамирес пред две години го напушти Челси и прифати богата понуда од Кина, но призна дека желба му е да заигра повторно во Европа. Бразилецот долго време се поврзуваше со Интер, но имаше проблеми поради тоа што на Интер не му е дозволено да купува играчи во јануари.

Па така пропадна договорот на Интер и Сунинг кој беше договорен пред два месеци и остана можноста Рамирес да пристигне на позајмица. Тимот од Кина прво ја одби таа понуда, но Бразилецот ја покажа својата желба да заигра во Интер, по што кинезите се предомислија.