Доста беше! Рома продава фудбалер за 50 милиони?!

Трансферот се очекуваше во јуни, но по се изгледа дека Наинголан ќе го напушти тимот во јануари.

По се изгледа дека на Рома и е доста од неговото однесување надвор од терените, проблемите со алкохол и неспортскиот живот.

Се зборува дека Гвангжу би можел да испрати понуда од 50 милиони евра за овој фудбалер. Кинезите ќе мора да платат и 44 милиони евра за данок, а Наинголан ќе добива по 12 милиони евра.