Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Наполи, Марек Хамшик смета дека неговиот тим ја заслужува титулата во Серија А, односно дека тоа е причината поради која го сакаат фудбалот.
Наполи е лидер на табелата и има бод повеќе од Јувентус, а Хамшик смета дека неговиот тим ќе продолжи со победите.
„Мојот сон е освојување на Скудетото. Тоа е сон на навивачите, претседателот Де Лаурентис и соиграчите“, вели Хамшик.
Наполи два пати го освојуваше италијанското првенство во 1987 и 1990 година.