Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Трансферот на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед зависи од Хенрик Микитаријан кој треба да се согласи на договор со тимот на Арсенал.
Тоа го изјави неговиот агент Мино Раиола кој за „Скај Спортс“ изјави дека Микитаријан ќе биде дел од трансферот на Санчез и дека нема друг начин за трансферот да се реализира.
„Манчестер Јунајтед нема да го потпише Санчез се додека Мики не се согласи да се приклучи на Арсенал. Мики ќе го избере најдоброто за него. Тој има уште две и пол години од договорот, па тоа ќе биде негова одлука. Санчез е дел од договорот со Микитаријан, не постои друг начин за негов трансфер“– коментираше Раиола во изјава за Скај спортс.
Запрашан од новинарите колкави се шансите Микитаријан да прифати да се пресели на „Емирати“, Раиола кратко одговори дека тие се мали, но дека ништо не се знае.
Ако Микитаријан се согласи да го облече дресот на Арсенал, Манчестер Јунајтед нема да плати ни фунта за Алексис Санчез и ова ќе биде класична размена на играчи, нешто што немаме видено долго време.