Навивачите на Арсенал разочарани, ова за Венгер ќе биде можеби најлошиот трансфер


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дали професорот ќе ја сврти играта?

Џони Еванс во Арсенал.

Звучи како добра шега, но не е, денес островските медиуми соопштија дека Венгер размислува за капитенот на Северна Ирска како замена за Мертезакер.

Еванс после долги години во Јунајтед каде беше резерва замина во ВБА каде кај Пјулис игра стандардно. Успеа и со Северна Ирска да оди на ЕП.

Мертезакер со години е столб на одбраната на топчиите, искусниот германец го повреди коленото и ќе отсуствува подолго.

Она што ги налути навивачите на Арсенал е Венгер дека ќе плати над 20 милиони евра за Еванс.