Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мохамед Сисоко зборуваше за својот период поминат во дресот на „Старата дама“.
„Јувентус е голем клуб, играв во најдобрите лиги, но Јувентус ми остана во срцето. Мојот Јувентус не освојуваше титули, но направи добри работи“, вели тој.
„За мене Недвед е личност на која треба да гледаат младите кога станува збор за професионализам и тренинг. Мои најдраги соиграчи беа Дел Пиеро и Џерард, среќен сум што сум играл со нив во мојата кариера“, додава Французинот.
„Матуиди? Играв со него во ПСЖ, навистина е одличен играч. Да сум денес во Јувентус, би сакал да играм покрај Пјаниќ, мислам дека неговиот квалитет најмногу одговара на моите карактеристики“