Македонските олимпијци заминуваат за ПјонгЧанг, знаменосец ќе биде Јада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот олимписки комитет во своите простории денес одржа церемонија по повод свечено испраќање на македонските претставници на претстојните Зимски Олимписки игри кои ќе се одржат во ПјонгЧанг.

Македонија на овие игри ќе биде претставена од тројца спортисти и тоа:

– Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)
– Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
– Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонското знаме на свеченото отворање на игрите ќе го носи Ставре Јада кој на овие игри се пласираше со освоена А норма.

Олимписката делегација за ПјонгЧанг ќе замине на седми февруари, а нашите претставници ќе бидат облечени во колекција на компанијата за спортска опрема 4Ф.