Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлуиџи Буфон е се поблиску до пензија, му останаа уште две години од договорот со Јувентус а после…
„Засега, фокусиран сум на овие две години. Сакам да останам на врвот. Тогаш следат фамилијарните активности“, ја започна прославениот чувар на мрежата приказната за весникот “Кориере Де Ла Сера“.
“Ќе има време во иднина да се разгледаат нови можности. Би сакал да бидам амбасадор на теренот, или член на институција со силни вредности. Со своето искуство сигурно тоа можам да го работам.
Мислам дека можам да развивам идеи кои работите ќе се менуваат на најдобро, но не размислувам за некоја посебна улога.
Дефинитивно ме интересира, ако нешто работам, сакам тоа да го работам успешно и со страст“, истална Буфон, чија играчка кариера трае веќе две децении.