Киелини: Гвардиола ги уништи италијанските стопери


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Киелини веќе со години наназад е одбранбен столб на репрезентацијата на Италија.

По неуспешните квалификации, овој 33-годишен фудбалер вели дека Италија нема достојни замени за сегашните стопери.

„Минатите години немавме ниту еден квалитетен стопер. Гвардиола ги уништи сите италијански дефанзивци. Зборуваме за фантастичен тренер со неверојатен ум, кој се обиде да копира многу италијански тренери. И тога во последните десет години го изгубивме идентитетот. Ги изгубивме Малдини, Канаваро, Неста, Барези… Се надевам дека ќе го рестартираме системот и ќе почнеме од почеток“, вели тој.