Ваков мајстор може да игра само за Јувентус: Пјаниќ е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари!

Пјаниќ ја покажа својата уметност, гостувајќи во програтама на еден интернет канал, каде што демонстрираше неколку техники на изведување на слободни удари.

Веќе долги години Пјаниќ е еден од најдобрите во изведувањето на слободни удари во светот.

Во сезоната 2013/14 постави нов рекорд во Серија А, кога играјќи за Рома постигна седум голови од слободни удари во 38 кола во лигата, а тоа значи дека 18,4% од неговите слободни удари звршувале со гол.

Ваков резултат немале ниту Тоти, Дел Пиеро или Пирло.