Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И третиот македонски претставник на ЗОИ во Пјонгчанг, Антонио Ристевски немаше успешен настап.
Нашиот најискусен олимпиец не успеа да ја заврши првата трка во велеслаломот и остана без пласман во ова натпреварување.
Победник во велеслаломот очекувано беше Марсел Хиршер кој имаше време од 2:18.04, додека сребрениот медал замина на градите на Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен, а трет на целта помина Алексис Пинтуро од Франција.
Ристевски очекува многу подобар настап во слаломот, трка која е закажана за во четврток. Потсетуваме дека Ристевски имаше импресивен настап на претходните Олимписки игри токму во оваа дисциплина кога заврши на 29. позиција.