Титулата му бега на Вардар, Работнички ги порази „црвено црните“ во градското дерби

Екипата на Работнички како домаќин на „Филип Втори“ успеа да слави важна победа во градското дерби против Вардар и ги оддалечи „црвено црните“ од титулата во домашниот шампионат.

„Романтичарите“ во првите шест минути стекнаа комотна предност шокирајќи ги избраниците на Чеде Јаневски. Најпрво Ерера погоди за 1:0 во втората минута за само четири минути подоцна Ангелов да го постигне својот деби гол по враќањето во „старото јато“ за 2:0.

Попуста беше иницијативата на Вардар во преостанатите 80. минути кога успеа само еднаш да го матира Божиновски и тоа во 79. минута преку Горан Попов кој намали на 2:1 и донесе знак на надеж за „гостите“ на овој натпревар.

Во 86. минута Работнички остана без Божиновски кој заработи директен црвен картон, но и покрај тоа фудбалерите на Вардар не успеа да го пробие бункерот на Станковски и со наведнати глави го напуштија стадионот.