Јуве киксираше против СПАЛ, трката за Серија А далеку од завршена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус не успеа да ја оправда фаворитската улога и да слави на гостувањето кај СПАЛ во рамките од  29. коло од Серија А и освои само бод играјќи натпревар без голови.

Јувентус го надигра СПАЛ, но нападите на гостите од Торино во сите 90 минути беа залудни.

Наполи со евентуална победа против Џенова ќе се доближи на Јувентус на само два поени.

Во следното коло Јувентус игра тежок натпревар против Милан, додека СПАЛ во Џенова ќе бара продолжување на импресивната серија од четири натпревари без пораз.