До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на Арсенал, Хектор Белерин.
„Дејли Мирор“ пренесува дека десниот бек е можна потенцијална трансфер цел на Мурињо, но сепак Јувентус останува фаворит за неговиот потпис.
Оваа информација фудбалските аналитичари ја испратија со неверување бидејќи Јунајтед како десен бек го има Антонио Валенсија кој игра солидно веќе три сезони со ред, а од позајмицата во Кристал Палас следното лето ќе се врати и Тимоти Фосу Менза кој исто така има одлична сезона зад себе во Премиер Лигата.















