Валенсија посакува тројца играчи на Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија од редовите на Валенсија планираат во текот на летниот период да испратат понуди за минимум тројца играчи на Манчестер Јунајтед.

„Супердепорте“ пишува дека на радарот на „Лилјаците“ се Матео Дармијан, Маруан Фелаини и Ентони Марсијал.

Сепак тие се свесни дека договор за Марсијал нема да може да постигнат со оглед на тоа што и играчот би барал високи примања.

Покрај овие тројца од Валенсија ќе го тестираат Јунајтед и за нивниот млад фудбалер Андреас Переира кој во моментов настапува на „Местаља“ како позајмен фудбалер.