Лос Анџелес Галакси го претстави Ибрахимовиќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Лос Анџелес Галакси и официјално го објавија трансферот на Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец  кој речиси две сезони беше дел од Манчестер Јунајтед е убеден дека трансферот во Галакси е идеален за него.

„Одлучив да потпишам за Галакси затоа што мислам дека ова е вистинското место за мене. Сметам дека можам многу да дадам и да му помогнам на тимот. Ова е најдобриот тим во САД, без сомнеж“- коментираше Ибрахимовиќ.

Ова е прво искуство за Ибрахимовиќ надвор од Европа, а во досегашниот тек од кариерата покрај Манчестер Јунајтед играл и во ПСЖ, Јувентус, Милан, Интер, Барселона, Ајакс и Малме.