До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Репрезентациите на Франција и Колумбија ги одмерија силите на „Стад д Франс“ во рамките на пријателските средби пред претстојниот Мундијал во Русија.
Натпреварот беше одличен за гледање, а на крајот заврши во корист на Колумбија која славеше со 3:2.
Французите одлично ја отворија средбата, па по 26 минути игра имаа два гола предност. Прво во 11. минута Жиру ја искористи лошата реакција на Оспина и погоди за 1:0, а по во 26. минута „триколорите“ стигнаа до предност од 2:0 по голот на Лемар.
Сепак по само две минути Колумбија го намали резултатот. Хамес упати центаршут по кој одлично се снајде Муриел и го совлада Лори.
Во 62. минута Фалкао го изедначи резултатот, додека сензација донесе Куинтеиро во 85. минута од средбата со гол постигнат од белата точка.















