Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја стартува трката за Големата награда на Австралија од првата позиција.
Британецот имаше одлични квалификации и за 0.664 делови од секундата зад себе го остави Кими Раиконен. Трет трката во Австралија ќе ја стартува вториот пилот на Ферари, Себастијан Фетел.
Another mighty qualifying effort seals @LewisHamilton‘s 73rd career pole #Quali #AusGP #F1 pic.twitter.com/t8Q0nt5s26
— Formula 1 (@F1) March 24, 2018
Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас имаше силен удар во заштитниот ѕид по што квалификациите беа прекинати за момент. За среќа Финецот не помина со потешки последици и се очекува утре да биде на стартот на трката.
While @LewisHamilton stormed to pole in Melbourne, things didn’t quite go to plan for his @MercedesAMGF1 teammate… ? ?#AusGP #F1 pic.twitter.com/7V8jZapP6b
— Formula 1 (@F1) March 24, 2018
Од четвртата и петтата позиција ќе тргнат пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен односно Даниел Рикиардо.
Првите десетмина на стартот ќе ги комплетираат Кевин Магнусен, Роман Грожан, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц и Валтери Ботас.
Трката на програмата е утре со почеток во 7:10 часот по средноевропско време.