Тухел го одбил Баерн за да се пресели во Премиер лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Мајнц, Томас Тухел ја одбил можноста да го замени Јуп Хејнкес на кормилото на Баерн Минхен затоа што имал друга понуда.

„Кикер“ пренесува дека за младиот германски стратег сериозно заинтересирани биле од редовите на Арсенал и дури и двете страни си подале рака за  започнување на соработка.

Еден од првите лица во Арсенал, Свен Мислинант дал дозвола клубот да притиска и да влезе во преговори со Томас Тухел кој по заминувањето од Борусија Дортмунд речиси секојдневно беше поврзуван со премин на клупата на Баерн Минхен.