Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Од Атлетико Мадрид пројавиле сериозен интерес за услугите на голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено.
За 26 годишниот голман постои сериозен интерес од Арсенал и Наполи, а последен во редот се приклучил и тимот на Атлетико Мадрид кој во Лено гледа потенцијална замена за Јан Облак.
Словенецот сигурно ќе добие примамливи понуди ова лето и веројатно некоја и ќе прифати, а парите добиени од него „јорганџиите“ веднаш би ги искористиле за нов чувар на мрежата. Лено би чинел околу 25 милиони евра.