„И да играме голи, сите ќе гледаат во еден фудбалер“

Екипата на Ливерпул ќе се бори за трофејот во Лигата на шампиони сезонава. Тие преку Рома ќе се борат за финале во европското натпреварување.

Клоп е познат како голем мотиватор, а пред натпреварот против Манчестер сити даде интересен предлог.

„Имаме добар тим и на сите им се допаѓа тоа што се случува околу Салах. Пред натпреварот против Сити им реков на играчите: Ајде да излеземе голи, никој нема да забележи зашто сите гледаат во Салах“, се пошегува Германецот.