Заза се враќа во Серија А!?

Италијанскиот напаѓач летово би можел да се врати во татковината. Валенсија потроши 18 милиони евра за да го купи од Јувентус.

Во првите десет кола постигна девет голови, а беше прогласен за најдобар играч во септември, но следуваше повреда на коленото, која му ја уништи формата.

Во продолжение на сезоната постигна само три гола, само два во 2018. година, а од друга страна управата му кажа дека нема да добие поголема минутажа.

Како идна дестинација се споменува екипата на Милан, но во конкуренција се вклучи и Рома.