Хамилтон прв низ целта во Каталонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон втора трка по ред запишува победа откако денес славеше на патеката во Барселона.

Второпласиран трката ја заврши тимскиот колега на Хамилтон, Ботас, додека трет беше Макс Ферстапен кој имаше одлична трка. Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ја освои четвртата позиција.

По оваа победа Хамилтон се зацврсти на лидерската позиција пред Фетел, додека третото место го презеде Ботас кој го искористи пехот на Раиконен кој денес не освои бодови.

Наредната трка во шампионатот на Формула 1 е на крајот на овој месец а ќе се вози низ улиците на Монако.