Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искористете ги денешните типови за кладење од Kladenje.mk.
Зимбабве – Боцвана: Х2 (Натпреварот завршува нерешно или победува гостинската екипа)
Зимбабве и Боцвана се соочуваат во четвртфиналето на КОСАФА купот, а во средбата токму Боцвана е благ фаворит во однос на Зимбабве поради меѓусебните средби. Досега двете селекции се имаат сретнато четири пати, а Боцвана има две победи и еден пораз. Кога ќе ги погледнеме последните натпревари на екипите, Боцвана на последните пет меча има четири победи, додека Зимбабве има четири порази и само една победа.
Костарика – Северна Ирска: Х2 (Натпреварот завршува нерешно или победува гостинската екипа)
Пријателски натпревари ќе играат Костарика и Северна Ирска, а тука исто така благ фаворит е Северна Ирска, која е во подобра форма за разлика од нивниот противник. Ирците имаат една победа, две реми и два порази на последните пет натпревари, додека Костарика има само една победа и дури четири порази, па токму поради тоа очекуваме средбата да заврши нерешено или да победи Северна Ирска.
Саудиска Арабија – Перу: 2 (Гостинската екипа победува во натпреварот)
Во овој пријателски натпревар не би требало да има воопшто дилема за тоа кој ќе биде победникот на крајот. Перу се наоѓа во одлична форма, односно има четири победи и едно реми во последните пет одиграни натпревари, додека Саудиска Арабија има по две победи и порази, како и едно реми, па поради тоа Перуанците се големи фаворити во натпреваров.
Шпанија – Швајцарија: 1 (Домаќинот победува во натпреварот)
Не би требало да има никаква дилема за победникот во дуелот помеѓу Шпанија и Швајцарија, бидејќи Шпанците имаат фантастична екипа, која ќе се бори за трофејот на Светското првенство во Русија. Кога ќе ги погледнеме меѓусебните натпревари на Шпанија и Швајцарија, дури три победи имаат Шпанците и само една победа имаат Швајцарците. Исто така, Шпанија на последните пет натпревари има три победи и две реми, додека Швајцарија има три победи и по еден пораз и реми.