Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Манчестер јунајтед не се откажува од Герет Бејл, па смета дека Велшанецот ќе замине од екипата, а тие се подготвени да му понудат плата од 20 милиони евра годишно.
Сепак, проблемот е висината на трансферот, Реал сака многу повеќе од понудените 140 милиони евра.
Исто така, Мурињо е блиску до ангажман на Фред, но ќе биде потребен уште еден играч во средината на теренот.
Се шпекулираше дека тоа ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но очигледно Мурињо се предомислил, па сега сака да го ангажира Марко Верати од ПСЖ, за кого планира да понуди100 милиони евра.