Стерлинг е спремен за стартот на сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рахем Стерлинг се опорави, спремен е за бурниот старт на сезоната за Сити.

Сити ја извлече Стеауа Букурешт во плеј-оф натпреварот за ЛШ, потоа тие имаат предизвик против Сандарленд во рамките на првото коло од новата сезона во Премиер лигата, а потоа ги очекува и интересен натрпевар на Британија стадионот против Стоук. Стерлинг тврди дека неговиот тим е подготвен за нови предизвици.

„Првиот натпревар е на домашен терен, против Сандарленд, очекуваме победа во тој дуел за да се подобри тимскиот дух“ – изјави Рахем за официјалната страна на Сити.

Сити ги избегна Рома и Монако во ждрепката за ЛШ, но Стерлинг вели дека проблеми би можеле да имаат и со тимот од Романија, Стеауа од Букурешт.

„Добра ждрепка за нас, но сепак нема да биде ниту најмалку лесно. Ние треба да го играме нашиот фудбал и да се надеваме на победа против романците“ – додаде Стерлинг.