Потврда, а веднаш потоа демант: Никој не знае каде ќе игра Гризман


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска се појави шпекулација дека Антоан Гризман се предомислил и сакал да остане во Атлетико Мадрид, но набрзо стигна демант од неговите агенти.

„Не знаеме каде ќе игра Гризман наредната сезона, уште нема никаков потпис на договор. Мораме да повториме дека нема потпишано никаков договор со Барселона“, велат неговите агенти.

За неговиот потпис беа заинтересирани Барселона и Манчестер јунајтед, а се шпекулираше во шпанските медиуми дека каталонците се договориле со Французинот.