Мурињо на чекор да потпише со дефанзивец на Севилја

Очигледно Тоби Алдервајрелд нема да го засили Манчестер јунајтед летово, иако тоа се очекуваше, бидејќи Тотнем бара 90 милиони евра за него, а Јунајтед не сака да плати повеќе од 50.

Сега Мурињо си најде алтернатива. А станува збор за Клемент Ленгле, 25-годишниот играч на Севилја за кој е заинтересирана и Барселона.

Откупната клаузула изнесува 35 милиони евра, а во оваа трка Јунајтед е поконкретен бидејќи на Французинот може да му понуди поголем договор.