Одигра само шест натпревари за Барселона и сега заминува од клубот!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона сака да го продаде Џери Мина, кој не се прослави во екипата и одигра само шест натпревари за клубот, а за него интерес покажува Манчестер јунајтед.

Најпрво, Жозе Мурињо мора да го продаде Ентони Марсијал, а откако ќе добие пари за талентираниот фудбалер, постои можност да се обиде да го купи Умтити.

Мурињо го сака и Алдервејрелд, но цената сигурно нема да биде помала од 60 милиони евра, а не е јасно како ќе поминат преговорите со Дани ЛЕви кој сака 90 милиони.

Едно е сигурно, на Јунајтед му треба дефанзивец, а има избор, но прашање е колку пари сака да вложи управата на „црвените ѓаволи“.