Официјално: Хари Кејн останува во Тотенхем и следните шест години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн го продолжи договорот со клубот од Лондон и ќе остане меѓу „Петлите“ и во наредните шест години.

Кејн беше трансфер цел на Реал Мадрид, а се споменуваше трансфер и во Манчестер Јунајтед, но по потпишувањето на новиот договор јасно е дека ќе остане во редовите на Тотенхем уште подолг период.

Се уште не се познати деталите од договорот кој го потпиша англискиот репрезентативец, ниту дали во него има откупна клаузула.