Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што пренесува „Ла Република“, селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли е обвинет за сексуално вознемирување на готвачката која работела во Аргентинската фудбалска федерација.
Локалниот новинар, Габриел Ањело ја открил оваа вест, а според неговите зборови настанот го потврдиле и очевидци.
„Имало сексуално вознемирување од страна на Сампаоли. Сојузот тоа се обиде да го држи во тајност, но потврдено ми е од повеќе страни дека дошло до вознемирување на готвачката која работи тука“ –истакна Габриел Ањело.
Од Фудбаслката федерација наводно и платиле значителна сума на пари на готвачката за таа да не изнесува детали во јавноста, но сепак веста стигнала до новинарите во Аргентина.
Хорхе Сампаоли не е омилен во Аргентина уште од неговото назначување за селектор на оваа земја, а ова уште повеќе ќе ја зголеми омразата кај аргентинската популација.