Сити има неколку алтернативи доколку трансферот на Жоргињо не успее


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи не попушта и не планира да го продаде Жоргињо за сума помала од таа што ја имаат поставено тие. Разликата меѓу понудата на Сити и бараната сума од Наполи е околу десет милиони евра, и поради тоа трансферот може да пропадне.

Затоа од таборот на новиот шампион во Премиер Лигата ги посочиле Жан Мишел Сери и Матео Ковачиќ како можни засилувања на клубот доколку Жоргињо не пристигне на „Етихад“.

Агентот на Жоргињо вчера посочи дека фудбалерот сака да се пресели во Манчестер Сити и дека доколку не се реализира трансферот тој нема да биде среќен во Наполи.