Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Манчестер јунајтед досега ги ангажираше Фред и Далот, а за тоа е потрошено помалку од 100 милиони евра, па допрва се очекуваат трансфери на „Олд Трафорд“.
Жозе Мурињо бара стопер и лев бек, Алдервејрелд останува прва желба, но барањата на претседателот на Тотнем се ненормални.
Од друга страна, Алекс Сандро е исто така на листата со желби, но Јувентус бара 55 милиони евра за играчот и тешко дека ќе го продаде.
Без разлика на тоа, Мурињо како најнова желба го означи Килијан Мбапе од ПСЖ, па наводно Јунајтед ќе понуди 180 милиони евра и Ентони Марсијал за него.
Сепак, иднината на Мбапе зависи од казната на ПСЖ поврзана со Финансискиот фер-плеј.















