Абрамович се заглави во сопствениот лавиринт: Мора наскоро да одлучи што ќе прави со Конте!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Антонио Конте има сè уште договор со Челси и нема намера да даде отказ, а медиумите од Англија пишуваат дека управата на клубот е под притисок пред да одлучи што ќе направи со Италијанецот.

Челси нема да има ниту лесен, ниту евтин начин за да се откаже од италијанскиот стратег. Ако сопственикот на „сините“, Роман Абрамович го отпушти Италијанецот, ќе мора да плати девет милиони фунти, па решенија има сè помалку.

Во моментов како најсериозен кандидат за тренерското место на Челси се споменува Маурицио Сари, кој исто така има проблеми со Наполи поради отказот, а други кандидати за кормилото на клубот од Лондон се Лорен Блан и Хорхе Сампаоли.

Абрамович мора да најде излез од лавиринтот, бидејќи медиумите најавија дека Еден Азар, Вилијан и Давид Луиз нема да го продолжат договорот, ако Италијанецот остане на клупата.