Кавани откри зошто му го побарал дресот на Мохамед Салах


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани имал навистина добра причина зошто го побарал дресот на најдобриот играч на Египет, Мохамед Салах.

„Го земав дресот на Салах поради моите деца, бидејќи тие го сакаат и го гледаат како голема ѕвезда“, призна Кавани.

Салах не играше против Уругвај поради повреда на рамото, но најавено е дека ќе биде стартер против Русија во второто коло на група А и конечно ќе може да им помогне на своите сонародници.