Агуеро: Нека Сампаоли зборува што сака


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Аргентина нешто не штима, тоа се виде одамна, но сега веќе се е јасно.

Аргентинците и пред Русија имаа „милион“ скандали и инциденти. Сампаоли имаше чудни одлуки, дури се појави и с***уална афера со готвачката, но сето тоа некако се криеше и сокриваше под тепих.

Меѓутоа ремито со Исланд, а поготово срамниот пораз од Хрватска откри дека внатре во репрезентацијата има вистински раздор.

Откако синоќа во микс зоната новинарите му пријдоа на Серхио Агуеро и го прашаа што мисли за коментарот на селекторот Сампаоли кој изјави „не успеавме на најдобар начин да го пратиме и бодриме Меси“, Агуеро кратко одговор:

„Ма, нека зборува што сака“, видно фрустриран поради ситуацијата прокоментира тој и заминувајќи кон соблекувалната.