Играчот на Манчестер Јунајтед пред преселба во Јувентус


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играчот од нападот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал се наоѓа пред преселба во редовите на Јувентус.

Англискиот „Мирор“ пренесува дека клубот од Торино сака да го донесе Марсијал во своите редови и дека ќе стори се да го убеди раководството на Манчестер Јунајтед да го пушти Французинот да си замине од „Олд Трафорд“.

Се верува дека Манчестер Јунајтед ќе бара околу 80 милиони фунти за Марсијал, сума која е огромна за Јувентус кој пак ќе се обиде да ја намали со тоа што ќе вклучи некој играч во зделката. Се спомнува дека Даглас Коста или Марио Манџукиќ би можеле да бидат вклучени во евентуалната понуда на „Старата Дама“.