Египетски репрезентативец потврди дека се сели во Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Египетскиот репрезентативец и член на Касимпаша, Махмуд Хасан Трезеге потврди дека веројатно ќе се пресели во Интер, а потоа ќе замине на позајмица во Парма.

23 годишниот фудбалер ги одигра сите три натпревари за Египет на Светското првенство во Русија и беше еден од ретките кои остави добар впечаток.

„Веројатно ќе пристигнам во Интер, но потоа ќе одам во Парма. Таму ќе бидам една година на позајмица, па ќе може да играм“ – коментираше Трезеге за „Газета дело Спорт“.