Мбапе прсна од смеење поради подарокот на Тијаго Силва (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нема сомнеж дека јунакот на вчерашниот ден Килијан Мбапе ќе има многу подароци од сите страни, но еден е навистина посебен.

Французинот беше одличен во дуелот против Аргентина, откако постигна два гола и избори пенал.

Честитки и подароци до младиот Французин пристигнаа од сите страни, а дури и големиот Пеле му честиташе на неверојатниот натпревар.

Ниту неговите соиграчи од ПСЖ не останаа мирни, па капитенот Тијаго Силва реши да му подари маска од Донатело од „Нинџа желки“.