Стоунс: Гвардиола е заслужен за успехот на Англија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот Џон Стоунс е убеден дека шпанскиот тренер Пеп Гвардиола имал влијание на успехот на Англија на Мундијалот, поради тоа што го научил англискиот репрезентативец во Манчестер сити.

По Шпанија во 2010. година и Германија во 2014. година, каталонскиот експерт е „одговорен“ за добрите игри на Англија. Стоунс верува дека тој и неговите соиграчи од Манчестер сити, Кајл Вокер и Рахим Стерлинг влијаеле на националниот тим.

„Мислам дека постои влијание на Гвардиола. Тоа што го научивме во Сити се обидовме да го пренесеме и на репрезентацијата. Внесовме нова идеја во некои делови од играта. Секој исто работи со своето искуство од клубот. Затоа сме добра комбинација“, вели Стоунс.

Англичаните за место во полуфиналето ќе се борат против Шведска во сабота од 16 часот.