Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска остана без победничкиот трофеј во Русија, но веројатно и без Иван Ракитиќ кој против Франција го одигра својот последен натпревар во дресот на репрезентацијата.
Популарната Ракета одигра навистина одлични натпревари и беше еден од главните играчи во тимот на Златко Далиќ, па ги покажа своите квалитети.
„Бевме подобри, ни дадоа 4 гола од три удари, но тоа е фудбалот. Штета“, изјави разочараниот Ракитиќ после мечот.
Во очи на почетокот на СП тој најави опростување од репрезентацијата, а после вчерашниот меч објави фотографија на која се гледа дела си разменуваат дресови.
„За Лука, мојот брат. Најголема чест ми беше да го делам сево ова време со тебе. Те сака Ракетата“, напиша Ракитиќ во посветата, со која јасно стави на знаење дека навивачите веќе нема да го гледаат во репрезентативниот дрес.
Тој има одиграно 99 натпревари за репрезентацијата на Хрватска и има постигнато 15 голови.