Венгер кажа која му била најголемата грешка во кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Арсен Венгер по 22 години го напушти Арсенал, со кои имаше добри резултати во минатото.

Венгер го воодушеви фудбалскиот свет во првите неколку години на кормилото на Арсенал, кога доминираше во Англија и сезоната ја заврши без пораз.

Сепак, по заминување на легендарната генерација на играчи, Французинот не успеа да ја освои титулата, а на крајот на минатата сезона реши дека треба да замине.

Искусниот тренер го напушти Арсенал по 22 години, а во разговори за англиските медиуми откри дека грешка било што не си заминал порано од Лондон.

Венгер верува дека уште пред 10 години требало да го напушти Арсенал, зашто тогаш навивачите ќе го паметеле по многу подобри резултати.

„Мојата најголема грешка е тоа што останав 22 години во Арсенал. Јас сум човек кој сака предизвици и се движи по светот. Вака се чувствувам како да сум бил затвореник на својот луд предизвик. Сепак, верувам дека со Арсенал го постигнав максимумот и тоа што тогаш никој не го очекуваше. Горд сум на тоа“, вели Венгер.

Французинот откри и кој бил најдобриот играч, кој го купил во Арсенал.

„Има неколку играчи кои беа навистина добри. Сепак, мислам дека Тјери Анри е најдобар играч,со кој сум имал можност да работам. Но има многу добри трансфери како Анелка, Кембел, Туре или Виеира“, објаснува Французинот.