Најпрво пристигна Роналдо, а сега во Јувентус доаѓа – Зинедин Зидан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус го купи Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, а во клубот од октомври, најверојатно, ќе биде и Зинедин Зидан.

Французинот одлучи да се врати таму каде што играше во минатото и каде што стана идол на навивачите.

Зидан ќе се приклучи на спортскиот сектор, па ќе работи како десна рака на директорот Фабио Паратичи, но Јувентус има друга цел.

Тие сакаат да го подготват Зидан за тренерската позиција, а познато е дека ќе го наследи Масимилијано Алегри, кој има договор до 2020. година.

Зидан сигурно нема да го преземе сега клубот, но тој е најдобро решение за клупата според управата на Јувентус.

Како ќе го дочека ова Флорентино Перез не е тешко да се претпостави, посебно по вестите дека Зидан замина од клубот поради Роналдо, кога му беше претставено дека „кралевите“ ќе направат реконструкција и Португалецот ќе замине од Мадрид.